СТО: Војната во Украина може да доведе до криза за храна

Светската трговска организација (СТО) ја намали прогнозата за раст на глобалната трговија за оваа година од 4,7 на 2,5 отсто поради војната во Украина и санкциите поврзани со конфликтот..



Падот на проекцијата е поврзан и со тековните проблеми во глобалниот синџир на снабдување, кој започна пред две години како резултат на пандемијата на корона вирусот.

Поради нарушувањето на снабдувањето, цените на храната ќе се зголемат, вели директорот на СТО Нгози Оконџо-Ивеала, додавајќи дека „се плаши дека претстои криза со храна“.

За Би-Би-Си изјави дека Русија и Украина, иако учествуваат со само околу 2,5 отсто во светскиот извоз на стоки, се „многу, многу важни во одредени сектори“, пренесува Танјуг.

„На прво место, се разбира, е грижата за жителите на Украина, кои се раселени и кои немаат доволно храна за јадење“.

Глобалната економија „ќе претрпи сериозни последици“ и дека недостигот и влијанието на „ограничувањата на снабдувањето со храна“ особено ќе ги почувствуваат посиромашните земји.Ал џезира