Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 764 тестирања при што се регистрирани 100 нови случаи со ковид-19.
Починати се 11 лица од кои тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67 г); двајца пациенти од Делчево (80 и 60 г); еден од Тетово (68г); еден од Гостивар (78г); еден од Крива Паланка (84г); еден пациент од Кочани (41г); еден од Демир Хисар (72г); и еден од Македонски Брод (78г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.







