Македонската Влада ќе испрати 100.000 евра помош за Хрватска, по силниот земјотрес од 6,2 степена што денеска ја погоди земјата, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Најпогоден во силниот земјотрес е градот Петриња, на 45 километри југоисточно од Загреб, каде засега има регистрирано загинато едно 13-годишно девојче и десетици повредени, а градот е во урнатини. Во тек се акциите за спасување и проценка на штетата.
Нема информации за повредени македонски државјани, a Министерствата за надворешни работи при двете земји се во постојана комуникација.





