Според резултатите од ланскиот попис во Македонија има вкупно 109 249 невработени лица на возраст над 15 години, од кои речиси 80 проценти се со основно или средно образование.
Меѓу невработените има 1,545 магистри и 100 доктори на науки.
Речиси 57 илјади од невработените се со средно, а над 30 илјади со основно образование.
Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен од Државниот завод за статистика.






