Музичарот Горан Јанкуловски алијас Стиховен Калибар пред утрешното гласање за промена на името пишува последен поздрав за земјата што беше формирана како Република Македонија.
“Имаше само 28 години…Се роди далечната 1991 во време невреме…Целиот живот живееше во сиромаштии и кризи…Млада и убава, но лежеше на смртна постела…И нагрнаа куп болести…Туморот и растеше и метастазираше кај сите нејзини органи…Од неа се откажаа сите најблиски…И тој малку имот што го имаше сите сакаа да и го разграбат…Погребот е закажан за 9 јануари…Бог да ја прости Македонија…”, пишува Јанкуловски во својот последен поздрав до Република Македонија.
Стиховен Калибар заедно со Горан Трајковски пред две недели ја објавија неформалната еколошка химна “Све у ПМ”





