Стигнуваат првите 5.000 пасоши

Денеска се очекува да пристигнат 5.000 обрасци на патни исправи, а, и покрај вонредната состојба, МВР ќе постапува по барањата на граѓаните, изјави на денешната средба со новинарите, министерот Наќе Чулев..



До 24 март, како што најави министерот ќе стигне и другиот дел од набавените 140.000 обрасци.

Поради пасошката криза минатиот месец, МВР го намали издавањето нови патни исправи, што создаде проблеми за многу граѓани.