Стигнува наградата за пратеник што гласаше за Преспанскиот договор и бугарскиот протокол

Стигнува наградата за пратеник кој што пред 3 години гласаше за промена на уставот според Преспанскиот договор и завчера за бугарскиот протокол.



Пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ а по уставните измени е на стана на СДСМ според неофицијални владини извори е предложен од премиерот Ковачевски и министерот Османи за амбасадор во Црна Гора.

Според владините извори владата со одлука на затворена седница го прифатила предлогот Рамчиловиќ да биде амбасадор во Подгорица.

Барањето за агреман односно негово прифаќање од владата на Црна Гора се очекува во наредниве четириесетина дена.

Другите 7 пратеници од групата на Рамчиловиќ кои гласаа за Преспанскиот договор се спасија од затворски казни, добиваат тендери од државата или пак добија функции и работни места за себе или за свои блиски.