Со шест камиони шлепери, попладнево, во скопската Зоолошка градина од Кина стигаа диносаурусите за Дино паркот.
Набавени се 41 диносаурус во природна колемина и веќе од утре ќе почне нивната монтажата.
„Просторот каде што ќе биде Дино паркот е уреден и подготвен за да почнат да се поставуваат диносаурусите. Монтажата ќе трае околу 20 дена. Поради пандемијата на ковид-19, сè уште не сме одлучиле кога ќе го отвориме Дино паркот за посетители, но се надеваме дека тоа ќе биде напролет. Ќе биде вистинска атракција. Очекуваме да ни донесе голем број посетители надвор од нашите граници, бидејќи ќе биде прв Дино парк на Балканот“, рече директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.
За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се околу 325.000 евра.
Цената на билет за посета на Дино паркот ќе биде 50 денари.




