Министерот за здравство, Венко Филипче“ на фејсбук објави дека денеска пристигна донацијата од 30.000 вакцини „Синовак“ од Турција.



„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас.

Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, сподели Филипче.