Стигна помош за Мутибариќ, помагателот анонимен

Некогашни соиграчи на фудбалерот денеска информираат дека еден помагател откако ја прочитал веста за состојбата на Драган Мутибариќ, кој го паметиме како легендарниот голман на ФК Вардар и на поранешната ЈУ репрезентација, веднаш организирал двонеделна терапија во Негорски бањи но барал неговото име и чинот на помош да не се споменуваат во јавноста.



Фудбалската легенда Мутибариќ се соочува со сериозни здравствени проблеми предизвикани од мозочниот удар кој го доживеал минатиот месец.

Според локацијата на местото каде ќе се опоравува и неговата историја на помагање на граѓани најверојатно се работи за Трифун Костовски но засега нема официјална потврда дека тој е помагателот на Мутибариќ.

Мутибариќ живее со сопругата и има мала пензија 13.500 денари, која не е доволна за скапите лекарства и за одржување на домаќинството. Тој ни се пожали дека сите го заборавиле, но по текстот во нашиот медиум реагираат многумина, од институции до обични граѓани, кои сакаат да му помогнат на познатиот спортист. По 12 дена минати во болница, Мутибариќ неколку дена е дома, објави предходно Слободен Печат.