Стигнаa 10.530 дози од вакцините на „Фајзер“ купени со директни преговори со производителот. Тие ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за имунизација против Ковид-19.
Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче.
Новата пратка вакцини нема драматично да го промени нискиот процент на вакцинирани граѓани кој е меѓу најниските во Европа.






