По повеќе од четири месеци по пожарот на 8 септември во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица пристигна вештачењето на германските експерти, јавува Дојче веле.
Изваштајот на експертскиот тим од Бундескриминаламт или Сојузната криминалистичка полиција (БКА) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, е последната коцка од мозаикот на истрагата, а треба да даде одговор како за само неколку минути изгоре целата болница.
Првиот човек на тетовското обвинителство, Бесир Алиу за ДВ вели е издадена наредба за превод на извештајот, по што ќе бидат обелоденети делови од него.
„Доколку од вештачењето на германските експерти не произлезе некоја финеса за да се спроведат дополнителни активности, можеме да кажеме дека досега истрагата е 99,9 проценти завршена“, вели Алиу.
Извештајот пристигнал во петокот, по што е издадена наредба за негов превод од германски јазик…






