Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С. З. (56) од Битола, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, објави Слободен печат.



Во декември тој испратил писма со сериозни закани по животот на јавниот обвинител од ОЈО Вилма Рускоска, а на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од Битола, испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Македонија.

Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со невистинити генералии.

Полицијата на 21 јануари 2022 година извршила претреси на две локации на подрачјето на Битола и тоа во домот на З. и во домот на неговата мајка, при што се пронајдени и одземени мобилен телефон, лаптоп компјутер и предмети поврзани со кривичното дело.

Заканувачот е уапсен, а по разговорот со него и по извршеното графолошко вештачење од страна на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од него и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма. Тој е приведен и со кривичната пријава ќе биде предаден на надлежното Обвинителство.