Република Албанија денеска бира нов состав на Собранието од кое треба да произлезе и новата Влада.



На овие избори учествува и кандидатот за пратеник на Македонската алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) Васил Стерјовски, кој е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама.

Премиерот Еди Рама со Социјалистичката партија бара трет мандат од граѓаните, а неговиот против кандидат, Лулзим Баша прави нов обид како претседател на Демократска партија откако изгуби на минатите избори. Социјалистичкото движење за интеграција која се води од Моника Криемади, сопругата на претседателот на Албанија, Илир Мета.