Единствениот пратеник Македонец во албанскиот парламент Васил Стерјовски, е избран за член на Комисијата за надворешна политика.



Македонските друштва во оваа земја го поздравија изборот со оценка дека ова е уште еден голем успех со кој се потврдува довербата кон Васил Стерјовски и воопшто кон македонската заедница во Албанија, ако се има во предвид значењето на оваа парламентарна комисија.

Парламентарната комисија брои 15 членови а ја раководи Мими Кодели,од Социјалистиката партија, пренесува есникот „Илинден“ од Тирана.