Пратеникот во албанскиот парламент, Васил Стерјовски поднесе барање за интерпелација за министерот за туризам и животна средина во владата во Тирана, Бленди Клоси. околу алармантата состојба со Преспанското Езеро.

„… да објасни какви мерки превзема Министерството за туризам и животна средина во сорбатока и со надлежните институции на Македонија и Грција за да се спречи алармантниот пад на водата во Преспанското Езеро и еколошката катастрофа што му се заканува како и да објасни за разните проекти кој што се спроведуваат во Националниот парк Преспа и кој не придонесуваат за намалување на сиромаштијата во областа на Преспа, ниту за заштита на животната средина во Националниот парк Преспа“, напиша Стерјовбски, единствен Македонец пратенк во албанското собрание на Фејсбук.
Стерјовски вели дека според Деловникот на албанското Собрание интерпелацијата треба да се оджи во една од наредните три недели.






