Во Македонија има граѓани кои немаат државјанство иако исполнуваат еден или повеќе критериуми за тоа, пишува во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права.
Во извештајот се вели дека според владина статистика, УНХЦР и невладините организации, на крајот на август лани имало 563 лица без државјанство.
Но, опозициските партии на Албанците тврдат дека на 7.000 Албанци во државата неоправдано им е ускратено македонското државјанство,
Според извештајот, во земјата нема механизам за откривање на оние без државјанство и за нивна заштита.
Интересно, на оваа тема токму денеска разговараат претставници на власта и на коалицијата АА/А која бара со измени на Законот да се овозможи лица да се стекнуваат со државјанство врз основа на тројца сведоци.







