Стејт департмент: Албанија прави малку против трговијата со луѓе

Албанија не ги исполнува дури ни минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, се наведува во извештај на амариканскиотѕ Стејт департмент.



„Жртви на трговија со луѓе се Албанци, но и странски државјани. Албанските жени и деца се предмет на сексуална злоупотреба и принудна работа во земјата, особено за време на туристичката сезона“, се вели во извештајот.

Според извештајот „трговците со луѓе користат лажни ветувања како што се брак или понуда за работа со цел да се привлечат жртви за сексуална трговија со луѓе. Децата често се принудени да просат или да вршат друга принудна работа“.

Стејт департментот препорачува албанските власти да ги зајакнат истрагите, гонењето и пресудите против трговците со луѓе, вклучувајќи ги и соработниците, како што се државни службеници, и да ги заостри санкциите.