Министеркта за култура Ирена Стефоска, инаку професорка во Институтот за национална историја, со препорака до Зоран Заев по вчерашното интервју за БГНЕС.
„Убедена сум дека премиерот сака буквално да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори тој не може да ѝ помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато“., рече Стефоска.
Во тоа справување со минатото Бугарија треба да го следи примерот на поранешниот германски канцелар Вилеи Брант кој во Варшава клекна пред споменикот на жртвите на нацистичкиот режим и со тоа се извини за злосторствата направени во Втората светска војна. Така можеше да почне процесот на простување“,вели Стефоска.
Министерката вели дека во секоја национална историја има разни страни – темни и светли и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато но дека „ тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции ако услов се историјата или идентитетски прашања“.






