Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски упати најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во паркот во Инџиково.



Ваквиот сторен чин, како што вели, на големиот македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда.

Градоначалникот побара итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата.

На граѓаните им порачува да бидат спокојни.

„И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12-те Апостоли во Инџиково ќе продолжи“, порачува во напишаното Стефковски.