Гостувањето и улогата на странските политичари на домашните митинзи, особено сега пред одржувањето на референдумот, може само да има контраефект кај народот, смета политикологот Милан Стефановски.
„Во нормални услови тоа е сосема нормално, да се патува во кампањите за да се поддржат сестринските партии, политиките на одредени чинители, па и референдуми за некои прашања од локален проблем. Но кај нас ситуацијата воопшто не е нормална. Наметнат е еден договор, со кој, доколку пројде на референдум, ќе ни се обезличат името и нацијата. Не верувам дека со тоа може да се постигне некој позитивен ефект кај гласачите. Може да има само контраефект, бидејќи граѓаните читаат и разбираат и, според тоа, можат да препознаат кога нешто им се подметнува или кога им се потценува интелигенцијата“, вели Стефановски во изјава за денешна „Нова Македонија“.
До крајот на следниот месец, според пишувањата во медиумите, се очекува во земјава да пристигнат германската канцеларка Ангела Меркел, канадскиот премиер Џастин Трудо, австрискиот канцелар Себастијан Курц, како и новиот шпански премиер Педро Санчес.





