Стечајниот управник на пропадната, Еуростандард банка, Душко Тодевски, бара од стечајниот судија да ја одобри исплатата на неговата награда.
Тодевски на 21 декември до судијата го доставил предлог да му се исплатат над 153 илјади евра награда од завршената работа досега, кои заедно со сумата од 5.000 евра која му била исплатена авансно ќе ја заокружат наградата на вкупно нешто над 158 илјади евра, објави Фактор кој имал увид во предлогот за исплата на наградата.
Тодевски кој беше назначен за стечаен управник на 14 август 2020 година или само некое време по предлогот за отворање стечај над Еуростандард банка во него објаснува дека со планот за авансна распределба предвидено било да се распредели стечајната маса и тоа парични средства во износ од 50,4 милиони евра.







