Професорот по историја Тодор Чепреганов вели дека Бугарија не само што била фашистичка, туку била класично наци-фашистичка држава.
Ова тој го дава како одговор до Драги Ѓоргиев кој го предводи и македонскиот тим во заедничката комисија за историски прашања, а кој веќе извесен вели дека Бугарите, за време на Втората светка војна не биле класични фашисти.
Чепреганов овие ставови на Ѓоргиев, ги спореди со оние изнесени на поранешниот премиер во интервју за БГНEС кој исто така тврдеше дека Бугарија не била фашистичка држава, но вели дека е нејасно која е целта на неговиот колега. Тој прашува дали се сака да им се удоволи на политичките барања на Бугарите и ние како држава да ги амнестираме за Втората светска војна.
Иако се сомнева дека ова е навестување дека Комисијата може да донесе одлука која ќе биде во корист на Бугарите.
Ѓоргиев веќе извесен период негира дека Бугарите биле фашистички окупатори, а своите ставови ги повтори и пред три дена во интервју за Радио Слободна Европа. Според него најсоодветно би било да се користи терминот бугарска окупација или бугарска инвазија, бидејќи иако имало авторитарен режим и фашистички движења за време на втората светска војна, тие не биле во структурите на владинините тела и во рамките на самата држава.





