„Ставот на следниот ЕУ-претседавач Чешка не е изменет – таа е против внесувањето билатерални историски прашања“

„Претседателот на Франција Емануел Макрон на прес-конференција во Мадрид, на Самитот на НАТО изјави дека е уверен оти е најден добар договор меѓу Скопје и Софија. ‘Прифаќањето ќе бара консултации во Скопје.’ – нагласи Макрон.“ – јави весникот „Нова Македонија“.

„Висок дипломатски извор вели дека Франција не се откажува до последен момент од изнаоѓање решение меѓу Македонија и Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција. Во Брисел продолжува дипломатската активност на Париз, вели дипломат од земја членка на ЕУ. ‘Ќе видиме што ќе направат Французите. Тие сакаат утре да се одржи првата меѓувладина конференција и сѐ уште се обидуваат.’ – објаснува дипломатот, запознат со активностите на француското претседателство.“

„Чешка за време на германското претседателство ги блокираше заклучоците токму поради внесувањето билатерални историски прашања, меѓу другото. Чешка, како следен претседавач со ЕУ, не е во можност да блокира ниту заклучоци, ниту преговарачка рамка, бидејќи од позиција на претседавач земјите членки не смеат да ги застапуваат своите национални интереси и ставови туку имаат задача да градат компромис меѓу сите 27 земји. Но, дипломат од земја на ЕУ објаснува дека ставот на чешката дипломатија и нејзините црвени линии ‘не се изменети’.

„Ги знаете црвените линии на Чешка, но мора да се изнајде договор добар за сите страни, а Франција уште се обидува да ги наведе сите на договор – брифира дипломатски извор. Иако Прага не го вклучи проширувањето експлицитно во приоритетите на претседавањето, нивните дипломати уверуваат дека Западниот Балкан останува на врвот на списокот на приоритети.“