Дописничката на Македонската информативна агенција во Брисел Тања Милевска го искажува својот став околу прифаќањето на Францускиот предлог од страна на граѓаните.
Според неа партиските апологети и зависници се осамени во прославата на вчерашната срамна одлука на Собранието.

Според неа нормалните граѓани со свој став во животот и политиката не се радуваат на собраниската одлука владата да ги прифати бугарските барања преку францускиот предлог.
,Освен партиски полтрони не видов еден независен и нормален човек да се радува на овој срам”, пишува Милевска.
Во коментарите на постот главно реагираат партиски послушници кои таа ги споменува.
Освен партиски полтрони не видов еден независен и нормален човек да се радува на овој срам
— Tanja M 🇲🇰 (@MilevskaTanja) July 16, 2022






