Најавата на премиерот Зоран Заев за бришење на долговите за струја настанати до 2006 година за 200.000 граѓани, операција која ќе чини 110.000.000 евра од Буџетот, предизвика лавина реакции.



Од такви кои во потегот на премиерот гледаат предизборно додворување на коалициониот партнер, гневни реакции на редовните плаќачи и прашања зошто токму до 2006-та период до кога СДСМ беше на власт… до такви кои се обидуваат со иронично-комична нишка да реагираат на овој „потфат“ на владата.