Статус на денот: Како од Грција до Србија ако Албанија и Бугарија затворат граници (МАПА)

Марко Милошевиќ ги изнасмеа корисниците на Фејсбук со статусот во групата „Live from Greece“, нудејќи копнена алтернатива во случај Албанија и Бугарија да ги затворат границите за српските државјани.



„Корисна информација за сите туристи од Србија – пат од Грција до Србија во случај Албанија и Бугарија да им ги затворат границите на српските државјани“, вели новосаѓанецот што живее во Вилсхофен, Германија, во коментарот на мапата со алтернативната маршрута од 4.600 километри.