Од швајцарскиот град Лозана доаѓа пораката на денот на Фејсбук, чиј автор е Сафет Куртовиќ од Нови Пазар, кој буквално во секој свој пост искажува љубов и поддршка на Македонија и на Македонците.

„Слушнав дека САД ќе го напуштат НАТО за да ѝ отстапат место на Македонија, поради Заев“, напиша Куртовиќ како реакција на вчерашниот „бисер“ на премиерот „Ние сакаме да бидеме земја дел од ЕУ, а впрочем еве и Британија ни ослободи место за да можеме ние да заземеме место во ЕУ“ по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц во Виена.






