„Статива“ на „Транспаренси интернешнел“ за екстрадицијата на Груевски

Унгарските власти го игнорираа изричното барање на „Транспаренси интернешенел“ за екстрадиција на Никола Груевски на Македонија, упатено само неколку часа пред одлуката на Унгарија да му додели азил на поранешниот македонски премиер.



„Двете земмји треба да го поддржат владеењето на правото, а Никола Груевски мора да одговара пред граѓаните на Македонија за неговите коруптивни дела додека беше премиер. На ниту еден политичар не треба да му биде дозволено да се извлече од обвиненијата за корупција, особено откако судовите јасно пресудиија во полза на осудата“, изјави извршниот директор на „Транспаренси интернешнел“, Патрисија Мореира.

На барањето се придружија и ограноците во Македонија и во Унгарија на меѓународната организација за борба против корупцијата.

„Оваа ситуација е голем тест за македонските и за унгарските власти и треба да се разреши во согласност со унгарскиот закон. Ги повикуваме унгарските власти да не го поддржат принципот на неказнивост, како што е потцртано во Европска конвенција за екстрадиција“, вели претседателката на „Транспаренси интернешнел Македонија“, Слаѓана Тасева, во заедничкото соопштение.