Државниот завод за статистика соопшти дека на 20 јули ќе биде објавен Конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите што треба да се спроведе од 5 до 30 септември.
Пописот за 2021 требаше да се одржи во април но е одложен поради пандемијата на коронавирус.
Преку конкуср, ДЗС ќе барат 5.055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони.
Условите се: кандидатите да се полнолетни државјани, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини.
Пријавувањето ќе се врши преку веб-апликацијата која ќе биде поставена нa веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, a документите ќе се доставуваат по пошта до Државниот завод за статистика, или кандидатите ќе можат да ги донесат на денот на закажаното тестирање во комисиите на пописните реони.






