Стартуваше исплатата на јунските панзии

Од денеска, 29 јуни, стартува етапната исплата на јунските пензии. Од Мнистерството за труд и социјална политика соопштија дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.



Пензионерите кои користат платежна картичка, со парите можат да располагаат од денеска, додека подигањето пензии преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

До 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток);

Пензиите со висина над 18.001 денари, ќе се исплаќаат на 02.07.2021 година (петок)..