Руска верзија на „Мекдоналдс“ стартува утре на пазарот откако познатиот американски синџир за брза храна јанапушти Русија како дел од западните санкции кон Москва поради војната во Украина.
Според Ројтерс, новиот локален синџир, кој треба да се занимава со истиот бизнис како Мекдоналдс, ќе започне со работа на Денот на Русија утре (12 јуни).
Исто како во јануари 1990 година, кога се отвори првиот Мекдоналдс на плоштадот „Пушкин“ во Москва, граѓаните ќе присуствуваат на отворањето на локален синџир на истото место.
„Зелената позадина на логото го симболизира квалитетот на производите и услугите на кои се навикнати нашите гости“, велат од компанијата.
Иако новиот домашен ланец сè уште не е официјално именуван, се очекува да бидат отворени сите ресторани во сопственост на „Мекдоналдс“ во рок од два месеци.
„Мекдоналдс минатиот месец објави дека ги продава своите ресторани во Русија на еден од имателите на лиценца во Русија, Александар Говор.






