Граѓаните од денеска ќе може сами да се пријават за вакцинирање на веб-страницата која се очекува да профункционира во текот на денешниот ден.
„Секој сам ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни“, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Утврдено е како ќе се спроведува процесот на вакцинација против Ковид-19. Капацитетот за вакцинирање изнесува по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје.
Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.





