Ова е слоганот на медиумската кампања која има за цел да ја информира јавноста за конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија.
Исто така кампањата ќе овозможи и подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности.
„Владата досега има спроведено голем број на проекти во конкретните области кои директно се наменети за подобрување на животот на граѓаните. Поддршка на земјоделството преку ИПАРД програмите, вложувањата во одржлива и зелена енергија, можностите за младите да се стекнат со европски знаења и искуство преку програмите за мобилност. се само дел од придобивките од евроинтеграцискиот процес“, се наведува во владиното соопштение.
Во него се нагласува дека членството во ЕУ носи и развој на демократијата, подобра заштита на човековите права и слободи, јакнење на институциите, подобрени услуги за граѓаните, активно учество на младите и граѓанското општество во креирањето политики за подобра европска иднина, подобрувања во областа на владеење на правото, поголем фокус на обновливи извори на енергија и подобрување на стандардите и квалитетот на воздухот, водата и почвата…






