Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори што се закажани на 17 октомври, на која 1.824.864 граѓани со право на глас же избираат градоначалници и членови на општинските совети.
Државната изборна комисија (ДИК), потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници.
Кампањата за првиот круг ќе заврши на 15 октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата ќе трае до 24 часот на 29 октомври.
СДСМ, изборната кампања ја започнува во Битола, ВМРО-ДПМНЕ со митинг во Охрид, ДУИ, од Гостивар.






