Старо-новиот премиер Мицотакис денеска ќе положи заклетва

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу се очекува претпладнево да му го додели формалниот мандат за формирање влада на досегашниот премиер на Кирјакос Мицотакис, по убедливата победа на неговата партија Нова демократија на вчерашните избори, јавува Катимерини.



Мицотакис се очекува во Претседателската палата во центарот на Атина во 11 часот (грчко време), а во 13 часот ќе положи заклетва како премиер за неговиот втор мандат.

Се очекува Мицотакис да го објави составот на неговиот нов кабинет подоцна денеска.