Министерот за животна средина, Садула Дураки од ДУИ, има познавања од Интернет експлорер и Мајкрософт офис.
Тоа го пишува во неговата неговата куса биографија, доставена до Собнранието откако беше предложен од премиерот Зоран Заев
да го води новоформираното Минсиетсрво за политички систем.
Дураки, кој во јавноста се прослави со една изјава, дека „не се бави со граѓани“, дадена во екот на најголемото загадување, како други способности и навел: солидни менаџмент особини, работа во група, работа под стрес и комуникативност, пишува СакамДаКажам.





