На денешниот четври конгрес на ДУИ, Али Ахмети едноглсно и со акламација беше реизбран за претседтаел на партијата.
Во обраќањето, по реизворот тој вети победа на предвремеите парламентарни избори.
Рече дека ќе соработуваат со оние партии кои ќе ги почитуваат Охридскиот договор, како и Договорот со Бугарија.
„Нема ни простор ни момент да се вртиме назад за нешто поинакво. Овие начела се затворени и обезбедуваат посигурна иднина на Република Северна Македонија. Секое настојување за ставање раце на овие три елементи ќе биде соочено со отпор од нас и нема да ја има како партнер ДУИ, зашто вака се ставаат во непријатна ситуација нашите народи, нашите граѓани и иднината на младите во државата“, рече Ахмети во својот говор.
Според Артан Груби ДУИ ќе биде одлучувачки фактор за новата Влада што ќе се формира по 12 април.





