Стариот градоначалник за новиот: Убаво му било кога “лапал” 150 илјади евра

СДСМ и натаму се профилира како лажоманско-преварантска партија. Од прв до последен, пишува лидерот на ГРОМ и екс градоначалник на општина Карпош кој заклучува дека освен што лажат старите, лажат и помладите функционери на владеачката партија.



“Како еден татко да ги правел, како од еден калап да излегуваат, како да се правени на Гештетнер.
Мојот наследник Стефан Богоев лапнал 150 илјади евра за изградба на зграда во Карпош 4, односно на аголот на бул. Партизански одреди и Никола Парапунов. Кога ги лапал парите убаво му било, а кога граѓаните го подбраа и го потсетуваат што ветувал-што лажел во изборите 2017 год. неговиот одговор е штетата е направена од претходното раководство кога биле на власт ВМРО ДПМНЕ и ГРОМ.

Не бе Стефанче!

Ај што не те бива, го преспа мандатот, ги праќаш другарите место тебе да земаат аванта, ама и лажеш и тоа во континуитет. Урбанистичкиот план е донесен пред 20 години кога на власт во Карпош бил СДСМ”, пишува Јакимовски.

Според стариот градоначалник тој урбанистички план е изработен врз основа на Генерален урбанистички план кога на власт во градот Скопје бил СДСМ, а истиот вели дека од Карпош 1 до Карпош 4, односно од Рузвелтова до Вардар не смее да има ниту една куќа, се треба да биде колективно домување.

“За разлика од тебе лажоманче мало, иако СДСМ бил на власт и во градот и во општината и градскиот Архитект бил од СДСМ, мислам дека правилно постапиле, затоа што во тој дел од Карпош 4 индивидуалните куќи се супстандардни, со мали дворови, многу сопственици и многу наследници.
Секогаш урбанистите ваквите супстандарди ги разрешуваат со колективно домување.

Разликата меѓу мене и вас е што вие лажете, а јас секогаш ја зборувам вистината.

Во изборната кампања за локалните избори 2017-та мојот слоган беше „РЕЗУЛТАТИ, А НЕ ПРИКАЗНИ“.
Резултати немате а приказни имате. Со приказни ви пројде мандатот.

Стефанче, уште 5 месеци имаш до распишување на избори. Што приказна ќе кажуваш?
Одговорот е уморна приказна, празни страници.
За жал такви сте, од Ѓорче до Аеродром, од Кисела Вода до Бутел.
Неспособни, лажливи со лепливи прсти.
И, и, и,……. плачковци!
Никогаш не сте ни биле мажи!”, заклучува Јакимовски во својата порака до актуелниот градоначалник на Карпош.

Богоев не реагираше веднаш по обвинувањето од Јакимовски.