Стара фотографија од избори како најава за референдумски аномалии (ФОТО)

Фотографија од локалните избори во 2017 година која е сликана од избирачки одбор се користи како аргумент дека на референдумот за името закажан за 30 септември ќе се случат нерегуларности.



На фотографијата направена од еден од членовите на избирачкиот одбор во селото Свиларе, Скопско се гледаат 4 лица а заедно со нив и избирачкиот материјал.

На “селфито” четворицата му даваат поддршка на Петре Шилегов.

Според изборниот законик забрането фотографирање на изборниот материјал а втората причина зошто четворицата што се сликале на избирачко место требало да бидат гонети од законот е тоа што јавно агитираат за еден од кандидатите за градоначалник на Скопје.

На 16 октомври лани МВР соопшти дека за овој прекршок, фотографирање на избирачко ливче, гони 10 лица од повеќе избирачки места.

Четворицата на фотографијата од Свилари досега никој не ги гонел, нив ги нема на ниту еден список на МВР или обвинителството.

Неофоцијално дел од нив на истото избирачко место ќе треба да бидат одговорни за референдумското изјаснување за помалку од два месеци.