Станува ли Заев крадец за официјален Берлин?

Лидерот на СДСМ и неговата партија два дена молчат за фотографијата и текстот објавен на државниот германски медиум Дојче Веле според кој на Балканот владеат клептократи.



Во саботата германскиот јавен сервис кој е финансиран од државата со цел да промовира државни политики објави текст на екс дипломатската Гудрун Штајнекер во кој таа зборува за властодршците на Западниот Балкан кои ги нарекува клептократ кои владеат со благослов на ЕУ.

Штајнекер во текстот смета дека единствен начин да се надмине корупцијата и криминалот во регионот е ЕУ да се спротивстави на “корумпираните елити во политиката и бизнисот”.

“Тие би морале да се повикаат на лична одговорност”, порачува Штајнекер преку државниот сервис на Германија.

Ако пораката се претвори во имиња искусната и влијателна амбасадорка Штајнекер меѓу другите (Еди Рама и Александар Вучиќ) зборува и за Зоран Заев а државен германски медиум го пренесува крајно критичкиот став.

Практично ако официјален Берлин не се согласува со овие обвинувања и долгорочно смета на Заев, Вучиќ и Рама многу тешко дека државното Дојче Веле ќе го објавеше текстот на амбасадорката затоа што за многумина преку медиумот зборува германската влада.

Кога станува збор за клептократите од Балканот и Македонија Зоран Заев е тој што ја имаше целата власт во последниве 40 месеци и тој е единствениот кој можел да спроведува клептократија за која зборува Штајнекер.

За сликата да биде целосна ниту една партија од германската коалициона влада не упати официјална честитка за победата на СДСМ на изборите.

Единствен кој го стори тоа без да честита победа и како личен став до Заев, Димитров беше државниот секретар за Европа во германското МНР Михаел Рот кој е дел од германските социјалдемократи.

Официјално додека јавниот сервис Дојче Веле пренесува прецизни пораки до Балканот владата и кабинетот на Меркел во Берлин молчат за победата на СДСМ.

Според дигиталниот речник на македонскиот јазик зборот клептократија
е именка од женски род составена од грчките зборови κλέπτω (краде) и κράτος (владее) со значење „власт на кражбата“.

Клептократија и на Балканот и во Германија означува политичка власт којашто се користи исклучително за кражба на народниот имот.

Клептократите за кои зборува Штајнекер и кои неслучајно се ставени на фотографијата на текстот а меѓу кои е и Заев според македонскиот јазик се “крадци кои владеат со кражба”.

Зоран Заев бездруго е еден од тие за кои зборува Штајнекер.

Текстот на ДВ

https://amp.dw.com/sr/balkanom-vladaju-kleptokrate-uz-blagoslov-eu/a-54315153?__twitter_impression=true