Станува хаотично: Членови на политичка партија со закани за лидер на друга политичка партија (ВИДЕА)

Членови на една политичка партија од власта му упатувал закани на лидер на политичка партија од опозицијата пред полициска станица.



Според видеото на порталот Инфомакс пред полициска станица во Кочани дошло до вербален судир меѓу членови на политичката партија од власта со новинари и лидерот на политичката партија од опозицијата.

Инцидентот следува по друг инцидент во кој група членови на политичка партија нападнаа и блокираа новинари.

Во видеото на Инфомакс се слуша како во најновиот инцидент еден човек член на политичката партија на власт му порачува на лидерот на опозицијата партија дека “ќе се видат” на што лидерот бара да не му се упатуваат закани.

Подоцна друг член на владеачка партија се обидува да објасни дека фразата “ќе се видиме” не била закана туку вистински повик за пиење кафе што со оглед на тензиите е малку веројатно.

Видеата поврзани со инцидентите во Кочани

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/688394088803507/

https://fb.watch/8ZjWhnAm-k/