Станојков: Што не ги покачивте пензиите 2,7% за да не се оштети буџетот

„Процентуалното зголемување се симна денеска на 5.3% и зошто толку? Да ја прашам министерката зошто не е 2.7%? Да не го оштетуваме буџетот и другите пензионери, зошто да не е 2.7? – забележа саркастично Трајче Станојков вод Иницијативниот одбор за протести на пензионерите во синкоќешното гостување на 24 анализа.



Наместо најавените 6,8 „усогласувањето“ на пензиите исплатено со септемвриската пензија „падна на 5,3 проценти.

Тиое бараа линеарно зголемување од 3.500 денари поради тоа што со секое наредно процентуално зголемување – се зголемува и јазот меѓу наѝјниските и највисоките панзии во земјава.

„Зошто да не е 3.500 денари?

Ние на овој начин ние ги казнуваме пензионерите со ниските примања. Тие со мали пензии да земаат мало покачување, а тие со поголеми да земат поголемо покачување… Мене ми е срам да погледнам во мојата сметка да видам колку имам покачување, рече Станојков кој најави дека пензионерските протести ќе продолжат но овој пат пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред американската амбасада со цел да ги информираат за тоа со соошуваат најголемиот дел од 330-те илјади пензионери во земјава.