Обединетата македонска дијаспора (ОМД) реагира за објавата на Твитер на косовската претседателка Вјоса Османи дека при неодамнешната посета на Тетово се сретнала со градоначачници на „албанските општини“ во Македонија, иако такви има само во Албанија, а во Македонија македонски, во Косово косовски итн.



„Стандардно, предвидливо етничко мешање од странски лидер кој треба да знае подобро. Пазете се од легитимирана провокација и расизам кога доаѓа од владин налог. Вјоса Османи мисли на македонски општини во Македонија“, твитна најголемата организација на македонски иселеници во светот со седиште во Вашингтон.

„Додека бев во Тетово, се сретнав со градоначалниците на албанските општини во Северна Македонија. Разговаравме за потребата од продолжување на зајакнувањето на Албанците во земјата преку зголемени инвестиции во нивните општини, соработка со Косово и нивната суштинска улога во иднината на Македонија“, е твитот на Османи што ја испровоцира реакцијата на ОМД.