Стандард: Бугарите „на дното“ на ЕУ, Хрватите – малку подобри

Според последните податоци на Евростат, Бугарија е најсиромашна држава во Европската Унија, а малку подобра од неа е Хрватска, земјата која последна се приклучи на Унијата.



Податоците на Евростат, прикажани и на табела и на мапа, покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинствата, пренесе Индекс.хр.

Најбогат е Луксембург, каде граѓаните живерт 35 проценти над европскиот просек. Следува Германија со 22 проценти.

Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат од 9 до 18 проценти од реалната индивидуална потрошувачка над просекот на ЕУ.

Интересна е Романија која ја престигна Хрватска во 2015 година.

Таа година, двете земји беа на 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци за 2019 година, Романија е со 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска со 66 проценти.

Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција, која е на 78 отсто од просекот на ЕУ според потрошувачката.