Првите две згради на „Лимак“ во центарот на Скопје се готови, становите се продадени и во нив веќе се вселуваат сопствениците. Наесен ќе биде готов и трговскиот центар кој што е во склоп на комплексот, а наредната година ќе биде завршена подземната улица и останатите две згради. Иако целиот комплекс „Дајмонд Скопје“ е веќе при крај, Град Скопје нема абер да почне со изградба на приклучоците за улиците и кружните текови кои треба да овозможат влез и излез од подземната сообраќајница, која се гради за да да се растеретат гужвите кои ќе настанат со вселување на станарите во новите згради и отворањето на трговскиот центар.
Од турската компанија „Лимак“ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека 90 отсто од бетонските работи на подземната улица се готови и таа ќе биде завршена во предвидениот рок.
„Попрецизно, 705 метри од вкупната должина од 746 метри се целосно ископани, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. Останатите 41 метар се ископани и во следните фази од изградбата на целокупниот комплекс ќе продолжат бетонските работи за овој дел. Подземната сообраќајница се гради паралелно со останатите компоненти што го сочинуваат комплексот. Таа минува под нив и за да можат тие да бидат изградени најпрво треба да се пробие сообраќајницата. За нејзината изградба се врши 14 метри длабок ископ, по што се градат потпорни ѕидови, кои се веројатно меѓу највисоките во земјава, и се поставува фундамент. Ќе биде долга 746 метри и широка 37 метри, ќе има по две сообраќајни и помошни ленти во двата правци и две трамвајски линии во средината“, велат од „Лимак“.
Од Град Скопје и кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, исто како како цел досегашен мандат така и сега не добивме одговор на нашите прашања до каде се постапките за изградба на кружните текови за подземната сообраќајница, пишува порталот.
Линк до целиот текст.






