Невообичаен твит објави Амбасада на САД во Скопје за првиот круг од претседателските избори во Македонија, во кој меѓу трите придружни фотографии се најде и една со стадо овци!
„Среќен изборен ден! Тимови на амбасадата се излезени денес за да го набљудуваат гласачкиот процес покрај ОБСЕ, граѓанското општество и други меѓународни набљудувачи. Споделуваме со вас некои од прекрасните места што нашите тимови ги посетија“, пишува во твитот.






