На ургентното оддделение во моментов се сместени седум лица и ниту еден не е во животна опасност, информираа од софијската клиника „Пирогов“..
Извршени се потребните итни оперативни интервенции. Постоперативната состојба на пациентите се оценува како добра.
Од „Пирогов“ известуваат дека денеска претстојат две дополнителни операции. Една од жртвите имала тешји изгореница на двете раце.
Мора да се оперира и десно колено на повредена девојка.
Шест од повредените се примени на Клиниката поради изгореници, а еден е на Клиниката за трауматологија.
Еден од пациентите е во тежок психички шок. Со жртвите работат и психолози.
Двајца од пациентите вчера имале можност да се видат своите роднини. За оние кои се стабилни ќе се размислува да се отпишат во наредните денови.






