Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон нашите колеги од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.



(…)

Потенцираме дека јавните личности, особено избраните и именуваните функционери се подложни на јавна критика и тоа треба да го прифатат како дел од нивната работа . Ги упатуваме засегнатите наместо јавно да омаловажуваат новинари и да се бават со новинарска етика, да се обратат до Советот за етика во медиумите во Македонија или Советот на честа во ЗНМ, но и да го искористат правото на демант доколку е тоа нужно, се вели во заедничкото соопштение на ССНМ и ЗНМ.