Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска веднаш да реагираат и да ги спречат незаконските активности на директорот на скопски „Водовод“ Марјанчо Митовски, зашто, како што велат од Сојузот на синдикати – негововата лоша психичка состојба можела сериозно да влијае врз вработените. Тие веќе подолг период бараат средба со градоначалничката на Скопје, но попусто.
Претседателот на ССМ Дарко Димовски рече дека ако дојде до штрајк, јасно е на кој начин тој ќе се изведува, односно вработените ќе одат на своите работни места, но нема да ги извршуваат работните задачи. Одлуката за штрајк прво ќе оди на гласање, а потоа ќе достават документ, по кој ќе почнат постапки за медијација, која трае 10 дена.
Според Синдикатот, во „Водовод“ не постоеле работници кои не доаѓале на работа, но откако директорот Митовски почнал да ги прераспределува вработните, хидроинженери останале без работни задачи. Во последните денови поднесени биле 40 дисциплински постапки.
Инаку, неодразбирањата настанаа откако градоначалничката го обвини екс директорот на „Водовод“ Златко Перински за нетранспарентност во постапката за изградба на пречистителна станица, а тој ја обвини за вршење влијание во текот на постапката.





